Цветна топка го украси булеварот ВМРО во Скопје
23.07.2014 11:31
Градот Скопје ги продолжува активностите за уредување и разубавување на просторот со цвеќиња и со цветни аранжмани следејќи ги светските трендови...

Екипите на Градот Скопје поставија цветна топка во средишното зеленило на булеварот ВМРО, пред објектот на „Македонска пошта“. Цветната фигура е изработена од 1.495 црвени бегонии, а постаментот го сочинуваат 1.420 бели бегонии, соопштуваат од Град Скопје
За наводнување на цветната топка е поставен комплетен автоматски систем за полевање.
Градот Скопје ги продолжува активностите за уредување и разубавување на просторот со цвеќиња и со цветни аранжмани следејќи ги светските трендови.
