судство

Затворски казни за 12 велешани кои сексуално злоставувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал од жртвата

20.11.2024 14:21

Затворски казни за 12 велешани кои сексуално злоставувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал од жртвата. Кривичниот суд ја изрече пресудата...

Во Кривичниот суд попладнево е изречена пресудата за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал со дете-жртва.

Казна затвор од година и три месеци до 5.5 години казна затвор за 12 велешани кои полово злоставувале 15 годишно девојче во Велес.

Во јануари годинава, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата.