Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Газа- предложено пет дневно примирје

23.07.2014 11:43

И покрај тенденциите за смирување на состојбата, жестоките напади на израелската војска продолжија во текот на ноќта и изутрината при што 6 луѓе загинаа, а дваесетина се ранети...

Советот за безбедност на ОН за човекови права денеска во Женева ќе одржи вонредна седница за сите кршења на човековите права во Газа по барање на Египет. Палестинското раководство предложи пет дневно примирје, за време на кое би се одржале преговори за прекин на огнот. Египет треба да посредува меѓу двете завојувани страни.

И покрај тенденциите за смирување на состојбата, жестоките напади на израелската војска продолжија во текот на ноќта и изутрината при што 6 луѓе загинаа, а дваесетина се ранети.

Израелската војска потврди дека се загинати двајца војници. Американските и европските компании ги стопираа летовите за Тел Авив откако ракета падна во близина на аеродромот Бен Гурион.

Израелскиот министер за транспорт ги демантираше изјавите и соопшти дека аеродромот е безбеден. Повеќе од 650 Палестинци и 29 израелски војници загинаа за време на тринделните судири.