Ново рочиште во Кривичниот суд за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски
Тројца сведоци на Обвинителството сведочеа во процесот за двојното убиство на Вања и Панче. Повторно не сведочеше сведокот Гоце Трајковски, кој претходно беше отсутен поради паничен напад...

Тројца сведоци на Обвинителството сведочеа во процесот за двојното убиство на Вања и Панче. Ерол Османи, познаник на Палевски, тврди дека првообвинетиот му поправал котел за греење ден по убиството, односно 28-ми ноември. Друг сведок, поранешен вработен во МВР, рече дека Палевски му должел пари за градежна зделка. Знаел дека поседува повеќе видови оружје. Стефан Димковски, пак, кој го возел Палевски до Белград и Турција, сведочеше дека Палевски бил нервозен по веста дека полицијата извршила претрес во партијата и го запленила возилото „рено“ па размислувал и за азил во Белорусија оти наводно го местат за случајот. Обвинетиот Кешишев, пак, го сменил исказот дека Палевски го извршил двојното убиство.
Одбрана на обвинетиот Видевски смета дека доказите не го потврдуваат двојното убиство.
Повторно не сведочеше сведокот Гоце Трајковски, кој претходно беше отсутен поради паничен напад.
Ирина Гелевска
