Затворски казни за групата велешани кои сексуално злоупотребуваа малолетничка
Затворски казни за 12 велешани кои сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал од жртвата. Кривичен пресуди, адокатите најавија жалби.

Казна затвор од година и три месеци до пет ипол години за 12 велешани кои полово злоставувале 16- годишна девојка во Велес. Еден е условно казнет, највисока казна доби 25-годишник кој според обвинението и се заканувал на жртвата со снимки, а им овозможил на другите осомничени и непознати лица да вршат полови дејствија врз неа.
Забавите се случувале во станови во Велес, каде се консумирала дрога и алкохол.
Адвокатите најавија жалба. Рекоа дека обвинетите се жртвите јагниња, а наводно биле вклучени и бизнисмени и политичари. Тие и за жртвата рекоа дека била проблематична.
Обвинение беше поднесено против 15-мина, двајца се спогодија и добија условни казни.
Наташа Гркова -Петрушевска
