Мадрид не дозволува отцепување на Каталонија
По најавата за одржување референдум за независност на Каталонија на 9-ти ноември наредната година, од шпанската влада пристигна експресна реакција. „ Референдумот нема да се одржи“, изјави министерот за правда Алберто Руиз-Гаљардон по објавувањето на датумот од страна на претседателот на Каталонија Артур Мас. Министерот додаде дека ќе го блокира гласањето, јавува Би Би Си. Мас рече дека референдумот ќе се состои од две прашања: дали сакаат гласачите Каталонија да биде само држава или да биде независна држава.

По најавата за одржување референдум за независност на Каталонија на 9-ти ноември наредната година, од шпанската влада пристигна експресна реакција. „ Референдумот нема да се одржи“, изјави министерот за правда Алберто Руиз-Гаљардон по објавувањето на датумот од страна на претседателот на Каталонија Артур Мас. Министерот додаде дека ќе го блокира гласањето, јавува Би Би Си. Мас рече дека референдумот ќе се состои од две прашања: дали сакаат гласачите Каталонија да биде само држава или да биде независна држава. Каталонија е најбогата област во Шпанија, но се противи на централизираната финансиска власт на Мадрид, што ја ослабува позицијата на покраината.
