Украина

Продолжени борби и нови ескалирања меѓу Русија и Украина

21.11.2024 08:29

Продолжените напади меѓу Украина и Русија во сенка на најавите за поголем конфликт откако Киев истрела британски ракети „Сторм шедоу“ на руска територија...

Продолжените напади меѓу Украина и Русија во сенка на најавите за поголем конфликт откако Киев истрела британски ракети „Сторм шедоу“ на руска територија. Од друга страна Пентагон испраќа дополнителна воена помош за Киев.

„Имаме нов пакет за поддршка од Америка. Вреден 275 милиони американски долари“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Во истовреме, потегот на Бајден за испраќање противпешадиски мини во Украина кои ќе го забават напредокот на руските трупи на фронтот наиде на остри критики од групите за човекови права.

„Мнозинство убиени и повредени од противпешадиски нагазни мини се цивили, приближно една третина од децата. Ова е неприфатливо оружје во очите на 164 земји кои се приклучија на меѓународната забрана за нагазни мини“, изјави Мери Вареам, заменик-директор на одделот за кризи во „Human Rights Watch“.

Вашингтон тврди дека овие мини се инертни и ќе бидат деактивни за најмногу две недели.

„Ова се мини кои ќе бидат инертни и деактивни за најмногу две недели од сега. Така што тие не претставуваат закана за цивилните заедници кога ќе се вратат во област по крајот на војната“, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

Турскиот претседател Ердоган предупреди дека конфликтот ќе го доведе светот на работ на голема војна. Поради последните потези на Западот, Кремљ не сака да го замрзне конфликтот на бојното поле.