САД стави вето на резолуцијата на Газа
Продолжуваат воздушните напади во Либан и Газа...

Расте бројот на жртви по израелскиот напад во Сирија. Продолжуваат воздушните напади во Либан и Газа. ОН тврдат дека жителите на северот во енклавата не добиле помош повеќе од 40 дена. Мирот на Блискиот Исток-неизвесен. САД со вето на резолуцијата на ОН за Газа, велат-не го условува прекинот на огнот со ослободувањето на заложниците. Од друга страна, Хамас соопшти дека нема да ги ослободи киднапираните сè додека војната не заврши. Хезболах пак, тврди-продолжувањето на договорот за примирје зависи од Израел. Тел Авив тврд на ставот-инсистира земјата да го задржи правото да дејствува воено против во секој договор со милитантите.
„Американците веруваат дека таков договор е можен. За жал, ние не можеме да ја платиме цената со нашата безбедност, затоа во секој постигнат договор ќе треба да ја задржиме слободата да дејствуваме доколку има прекршувања, пред проблемот да стане голем“, изјави Гидеон Саар, министер за надворешни работи на Израел.
„Прекинот на огнот ќе зависи од Израел и сериозноста на Нетанјаху. Преговараме под два услови-целосен и сеопфатен прекин на агресијата и зачувување на суверенитетот на Либан“, изјави Наим Касем, генерален секретар на Хезболах.
