Македонија

Сиљановска Давкова утре на средба со Шеќеринска, лично ќе и честита за новата функција

21.11.2024 08:31

Сиљановска Давкова преку нејзиниот фејсбук-профил информира дека утре е договорена средба со Радмила Шеќеринска, на која лично ќе и го честита изборот за заменик генерален секретар на НАТО...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку нејзиниот фејсбук-профил информира дека утре е договорена средба со Радмила Шеќеринска, на која лично ќе и го честита изборот за заменик генерален секретар на НАТО.

Сметам дека е најдобро лично да и изразам честитки за престижната функција која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата, напиша претседателката.