ЈСП

Јавниот превоз и утрово е редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје

21.11.2024 08:37

Двокатните автобуси, коишто редовно скопјани ги гледаа низ улиците на Скопје, денеска ја немаа таа можност...

Утрово на улиците во Скопје, не можеше да се забележат автобусите на Јавното градско претпријатие, а граѓаните коишто ги користат услугите на ЈСП останаа без превоз.

Двокатните автобуси, коишто редовно скопјани ги гледаа низ улиците на Скопје, денеска ја немаа таа можност, а некои надевајќи се дека ќе пристигне линискиот број утрово чекаа на автобуските станици.

Јавниот превоз и утрово е редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје.