Македонија
Во Владата донаторска конференција „Ромите и пријателите“
21.11.2024 08:42
На конференцијата ќе присуствуваат амбасадори, меѓународни организации и претставници од Владата...

Кабинетот на министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 ќе организира Донаторска конференција под наслов „Ромите и пријателите“.
На конференцијата ќе присуствуваат амбасадори, меѓународни организации и претставници од Владата.
Во рамките на настанот, кој ќе се одржи во Влада во свечена сала, Кабинетот ќе го претстави планот за работа за наредниот период, со акцент на клучните иницијативи и проекти за подобрување на социјалната и економската положба на ромската заедница.
