Образование

Јаневска и амбасадорот Ле Риголер ќе потпишат Анекс на Меморандумот за соработка за изучување на францускиот јазик

21.11.2024 08:51

Настанот ќе го отвори Иго Бештел, Советник за соработка и култура и директор на Францускиот институт во Скопје...

Денеска во Клубот на пратеници, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и францускиот амбасадор, Н.Е. Кристоф Ле Риголер ќе потпишат Анекс на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Амбасадата на Република Франција, со кој дополнително се поттикнува изучувањето на францускиот јазик во нашиот образовен систем.

Настанот ќе го отвори Иго Бештел, Советник за соработка и култура и директор на Францускиот институт во Скопје.

Предвидено е и доделување награда на најдобриот франкофонски ученик.