мвр

Делегација на МВР на глобална конференција за превенција и елиминација на онлајн родово-базирано насилство

21.11.2024 08:59

Помошник министерот Стоилевски се обрати на една од сесиите презентирајќи ги активностите и своите видувања на темата „Соработка помеѓу технолошките компании и Министерството за внатрешни работи за справување со технолошки овозможено родово базирано насилство (TF-GBV) во Македонија.“...

Помошникот министер за информатика и телекомуникации во министерството за внатрешни работи Александар Стоилевски учествуваше на овогодинешниот „Global Policy Dialogue to Advance the Prevention and Elimination of Technology-Facilitated Gender-Based Violence (TF-GBV)“, кој се одржа на 19-20 ноември во Јужна Кореја, во организација на УНДП и корејската национална полициска агенција (KNPA).

Помошник министерот Стоилевски се обрати на една од сесиите презентирајќи ги активностите и своите видувања на темата „Соработка помеѓу технолошките компании и Министерството за внатрешни работи за справување со технолошки овозможено родово базирано насилство (TF-GBV) во Македонија.“

„Настанот ја истакна важноста на глобалните партнерства, дигиталните иновации и мултисекторската соработка во борбата против овој тип насилство. Преку обединување на технолошки решенија и експертизата на органите за спроведување на законот, иницијативата има за цел ефикасно откривање, спречување и решавање на случаи на онлајн злоупотреба, при што се гарантираат правата и приватноста на жртвите. Посебен акцент беше ставен на размената на меѓународни искуства и презентирањето на дигитални алатки за решавање на овој глобален предизвик.“, потенцираше помошникот министер Стоилевски.

Министерството за внатрешни работи останува посветено на продлабочување на меѓународната соработка и воведување иновативни практики за превенција и борба против родово базираното насилство, како и за унапредување на родовата еднаквост во нашето општество.