Скопје
Автобусите во гаража поради недостиг на нафта
21.11.2024 10:12
Застој на јавниот превоз во главниот град. Автобусите на ЈСП и изутрината останаа во базите. Граѓаните револтирани, преку социјалните мрежи организираат превоз...

Главниот град од изутрината во сообраќаен хаос. Колапсот на јавниот превоз придонесе за голем метеж во Скопје. Автобусите на ЈСП останаа во базите поради недостиг на нафта. Граѓаните револтирани чекаат на автобуските постројки, дел од нив преку социјалните мрежи организираа превоз до работните места или до училиштата. За попладне претседателот на Советот на Град Скопје свика вонредна седница.
Александра Велинова известува.
