Скарлет Јохансон се мажи во август

23.07.2014 12:08

Како што пренесуваат некои странски медиуми, Скарлет Јохансон ќе го каже своето судбоносно да на нејзиниот вереник, Ромен Доријак ова лето во август...

Актерката Скарлет Јохансон иако отсекогаш тврдеше дека не сака да брза со мажење и основање семејство, сега е бремена и нејзиното судбоносно да ќе го изговори наскоро.
 
Како што пренесуваат некои странски медиуми, Скарлет Јохансон ќе го каже своето судбоносно да на нејзиниот вереник, Ромен Доријак ова лето во август.
 
Венчавката ќе трае четири дена, а локацијата се уште не е позната. Се претпоставува дека ќе биде Париз или летувалиште во Хемптонс.
 
Скарлет повеќепати досега раскажуваше дека не сака ништо да планира, затоа што зад себе има еден неуспешн брак со актерот Рајан Рејнолдс, па не сакаше да и се повторат грешките од минатото.
 
Сепак, актерката по две години врска со францускиот новинар Ромен Доријак остана бремена и наскоро ќе стана негова сопруга.