САД

Најмалку две лица загинаа откако силно невреме ја зафати Калифорнија

21.11.2024 11:06

Илјадници домаќинства се без струја, училиштата затворени, а голем број дрвја откорнати...

Смртоносна бура во Калифорнија. Најмалку две лица загинаа откако силно невреме со ветришта, дожд и снег го зафатија северот од земјата.

Илјадници домаќинства се без струја, училиштата затворени, а голем број дрвја откорнати.

Метеоролозите предвидуваат дека влажниот бран кој носи сериозни ризици од поплави, ќе се задржи до утре. Властите апелираат граѓаните да останат во своите домови на безбедно.