Њујорк: Згради со посебни влезови за богати и сиромашни
23.07.2014 12:12
Тие ќе живеат заедно на иста адреса, но нема да влегуваат низ иста врата...

Њујоршките власти одобрија контроверзен проект на една градежна фирма која планира на зградата која ја гради да направи посебни влезови за богати и сиромашни станари. Тие ќе живеат заедно на иста адреса, но нема да влегуваат низ иста врата.
Компанијата „Екстел“ планира да изгради 33-катови на Менхетен недалеку од Централ парк и реката Хадсон када станарите во зависност од длабочината на џеповите ќе влегуваат на голема, главна врата или на споредна до која се доаѓа од малата, скриена улица.
Според американските прописи големи станбени единици можат да се градат само доколку во нив е предвиден и еден број социјални станови. Зградата на „Екстел“ ќе има 219 станбени единци од кои 55 социјални.
Станарите со поплитки џебови ќе можат да изнајмат гарсоњери и двособни станови меѓу вториот и шестиот кат по цена од 845 до 1.099 долари. За оние кои немаат проблеми со парите продажната цена ќе достигне до 1.000 долари по метар квадратен.
„Врата за сиромашни“ не е ништо ново. Неколку згради во Њујор веќе имаат посебни влезови за сопствениците и потстанарите кои обично немаат дозвола да користат некои погодности како што се базен и фитнес сала.
Претставникот на Менхетен вети дека во иднина слични проекти ќе бидат забранети бидејќи „ја фаворизират дискриминацијата меѓу Американците“