Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје
На седницата ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје сѐ до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП...

Владата во 14 часот закажа вонредна седница на која ќе се расправа за проблемот со јавниот превоз во главниот град. На седницата ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје сѐ до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП.
Скопјени од вчера имаат редуциран градски превоз поради недостиг на гориво за автобусите. Граѓаните револтирани утрово чекаа на автобуските постојки, дел од нив преку социјалните мрежи организираа превоз до работните места или до училиштата.
За попладне и претседателот на Советот на Град Скопје свика вонредна седница.
