Невреме
Синоќешниот силен ветар остави сериозни траги во пелагонискиот регион
21.11.2024 13:19
Испадна далноводот на Пелистер, а дел од околните села останаа без електрична енергија. Битолчани видно вознемирени од синоќешното невреме.

Паднати дрвја, бандери, оштетени покриви од силниот ветар во пелагонискиот регион. Испадна далноводот на Пелистер, а дел од околните села останаа без електрична енергија. Битолчани видно вознемирени од синоќешното невреме. Последиците почнаа да се санираат.
Од Битола известува Стевче Митревски
