ЈСП
ЈСП колабира, градот парализиран
21.11.2024 13:20
Автобусите на ЈСП редуцирани по улиците, голем дел во гаража. Нафта нема – велат од Јавното претпријатие...

Метеж на автобуските постројки, нервоза кај граѓаните, колапс на јавниот превоз во Скопје. Автобусите на ЈСП редуцирани по улиците, голем дел во гаража. Нафта нема – велат од Јавното претпријатие. Постапката за јавна набавка на Еуродизел прекината, според Бирото за јавни набавки не се испочитувани законските процедури. Владата најави итна седница, ќе се бара решение.
Александра Велинова известува од центарот на Скопје.
