Македонија

Трајков на средба со Мојсоска- Блажевски од „Македонија 2025“

21.11.2024 17:24

Зајакнување на економскиот раст, промовирање на иновации и конкурентност преку партнерства меѓу Владата, приватниот сектор и академската заедница, беа дел од темите за кои разговараа Трајков и Мојсоска- Блажевски.

Заменик министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков, оствари средба со Никица Мојсоска - Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“, непрофитна организација со фокус на економскиот развој.

Зајакнување на економскиот раст, промовирање на иновации и конкурентност преку партнерства меѓу Владата, приватниот сектор и академската заедница, беа дел од темите за кои разговараа Трајков и Мојсоска- Блажевски.

Трајков ја истакна важноста на ваквите иницијативи, нагласувајќи дека нивниот придонес е од огромно значење во контекст на европските интеграции.

„Во време кога нашата земја ги спроведува најзначајните реформи, организациите како Македонија 2025 играат витална улога во поттикнување на економскиот раст, како и во поддршката на младите таленти за да останат и да придонесуваат дома“, изјави Трајков.

На средбата се дискутираше за потенцијалот на програмите што ги нуди „Македонија 2025“ и нивната улога во изградбата на подобра деловна клима и привлекување странски инвестиции и поттикнување на претприемништвото.

Мојсоска- Блажевски истакна дека организацијата е подготвена да го сподели своето искуство и експертиза за да ги поддржи реформските процеси и економските приоритети на земјата.

Средбата заврши со заедничка заложба за продолжување на соработката меѓу институциите и „Македонија 2025“, преку која ќе се поттикнува економскиот напредок на земјава, стои во соопштението.