Тензично во Собранието, избегната физичка пресметка
Претседателот на Собранието, Африм Гаши за да спречи вербалниот инцидент да прерасне и во физички, го повика обезбедувањето да интервенира и даде 10 минути пуза.

Тензии на собраниската седница за пратенички прашања од опозицијата. За влакно избегната физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши за да спречи вербалниот инцидент да прерасне и во физички, го повика обезбедувањето да интервенира и даде 10 минути пуза.
Тензијата настана кога едно прашање најавено за министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, го пренасочи за премиерот Христијан Мицкоски. Прашањето се однесуваше на назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски преку процедурална интервенција тврдеше дека такво пренасочување на прашањата во последен момент не е дозволено со Деловникот. Од друга страна, Крмов од Левица тврдеше дека е можно.
Потоа, во дискусијата жестоко се вклучи лидерот на Левица, Димитар Апасиев, па се собраа повеќе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кон клупите на опозиционерите.
