Собрание

Избегната физичка пресметка во Собранието

21.11.2024 16:41

Пцости, замавнувања, фрлање слушалки. Во Собранието избегнат инцидент меѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Спикерот Гаши ја смируваше ситуацијата. Интервенираше и обезбедувањето. Претходно не поминаа предлозите на СДСМ за зголемување на минималната плата и за нула ДДВ...

Пцости, замавнувања, фрлање слушалки. Во Собранието избегнат инцидент меѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, откако пратеникот на Левица, Исмаили, ненајавено спротивно на деловникот, постави прашање до премиерот Мицкоски, зошто Владата ја поддржала кандидатурата на Шекеринска за заменичка на генералниот секретар на НАТО. Додека од говорницата имаше процедурални забелешки, во позадина меѓусебни вербални навреди. Спикерот Гаши ја смируваше ситуацијата. Интервенираше и обезбедувањето.

Претходно не поминаа предлозите на СДСМ за зголемување на минималната плата и за нула ДДВ за 250 прехранбени продукти.

И додека власта ја подготвува новогодишната кошничка, опозицијата вели дека со нула ДДВ граѓаните ќе заштедат до 2.000 денари месечно

Спротивставени ставови и во албанскиот блок партии за употребата на албанскиот јазик и дали за власта тој е службен.

 

Миле А. Ристески