Македонскиот јазик е загрозен во пристапните преговори со ЕУ
Македонскиот јазик како културен феномен се префрла во дневната политика и политикантството и станува предмет на нецивилизирано однесување и нескриена агресија, сметаат од академската фела. Според направените истражувања констатирано дека македонскиот јазик е загрозен во пристапните преговори со Унијата. Посебен акцент е ставен на фактот што негирањето на нечиј јазик претставува форма на насилство, кој може да предизвика колективна траума …

Оспорување на јазикот е говор на омраза. Слободата на говор многу често станува говор на омраза, децидни се академиците.
Говорот на омраза предизвикува колективна траума, велат професорите од Институтот за социолошко и политичко-правни истражувања.
За ваквите случувања со македонскиот јазик, влијание имале големите центри на моќ.
Наташа Јанчиќ-Менковски
