Скопје
Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата за ЈСП
21.11.2024 17:22
Владата утврди кризна состојба со јавниот превоз, град Скопје ќе добие нафта на заем од државните резерви. Финансиска полиција ќе ги испитува јавните набавки во ЈСП...

Колапс на јавниот превоз во Скопје. Метеж на постројките, граѓаните револтирани како да стигнат до целта, учениците доцнеа. Автобусите останаа паркирани, дваесетина кружеа низ градот. Владата утврди кризна состојба со јавниот превоз, град Скопје ќе добие нафта на заем од државните резерви. Финансиска полиција ќе ги испитува јавните набавки во ЈСП. Итна седница ќе има Советот на Град Скопје.
Известува Александра Спировска.
