Македонија

Фетаи: Борбата против корупцијата мора да испорачува резултати

21.11.2024 17:56

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска од Антикорупциската конференција за Западен Балкан што се одржува во Скопје, испрати јасна порака дека борбата против корупцијата е врвен приоритет на Владата, која мора да испорачува конкретни резултати...

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска од Антикорупциската конференција за Западен Балкан што се одржува во Скопје, испрати јасна порака дека борбата против корупцијата е врвен приоритет на Владата, која мора да испорачува конкретни резултати.

„Нашето е залагање е јасно: Никој не смее да биде над законот“ рече Фетаи пред учесниците на Конференцијата, на која пригодно излагање имаше и американската амбасадорка, Ангела Агелер.

Тој рече дека Владата има обврска да изгради[AM1] ефикасен систем, кој ефикасно ќе ги спречи и казнува сите форми на организиран криминал и корупција.

Според него, крајно време е во борбата против корупцијата да има правосилни одлуки за корупција и конфискација на нелегален имот.