Белорусија

Лукашенко помилува 32 затвореници осудени за екстремизам

21.11.2024 18:18

Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува 32 лица што беа во затвор поради екстремизам...

Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува 32 лица што беа во затвор поради екстремизам.

Меѓу помилуваните има 24 мажи и осум жени, а според белоруската новинска агенција, сите ја признале вината и побарале помилување од претседателот.

Како што се наведува, 17 помилувани се со хронични заболувања, еден е инвалид, девет се на возраст над 50 години, а 17 имаат деца.