МВР
Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил
21.11.2024 20:50
Жена загина во скопската населба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистарски ознаки...

Жена загина во скопската населба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистарски ознаки.
Според информациите од СВР Скопје за „Макфакс“, несреќата била пријавена во 18.43 часот на булеварот Христијан Тодорвски-Карпош.
Засега нема информации за возраста на жената и околностите за несреќата.
На лице место присутни се припадници на полицијата и екипи на Итната помош.
Во тек е увид.
