Владата позајмува нафтени резерви на Град Скопје, од утре се нормализира автобускиот превоз
Хаосот со градскиот превоз ќе биде решен. Владата утврди кризна состојба и ќе одвои дел од државните нафтени резерви. За Град Скопје ова е добра политика која се води со разум, а не со инает. Од преписките – кој е виновен, настрадаа граѓаните...

ЈСП ќе добие нафта, Владата одлучи да даде од државните резерви. За градоначалничката на Град Скопје Арсовска, ова е добра политика без инаетење.
Нафтата се доставува до базите во Автокоманда и Ѓорче Петров, автобускиот превоз ќе се нормализира. На вонредна седница на Советот на град Скопје оценија дека Владата направила одличен потег со тоа што активирала дел од државните стокови резерви за гориво за потребите на Градот Скопје.
Оттаму ја поздравуваат одлуката на Владата и очекуваат во текот на ноќта да почнат да се полнат резервоарите на автобусите кои неколку дена не сообраќаа низ главниот град.
Недостигот на нафта неколку недели го попречи нормалното функционирање на ЈСП и предизвика сериозен проблем на транспортот на учениците и на вработените во главниот град.
Александра Спировска
