кабинет

Во вила „Водно“ средба на Сиљановска-Давкова со Шекеринска

22.11.2024 08:15

Сметам дека е најдобро лично да и изразам честитки за престижната функција која е од големо значење не само за неа туку и за државата, напиша шефицата на државата...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно“ ќе се сретне со Радмила Шекеринска, по нејзиното назначување за заменик-генерален секретар на НАТО. Преку нејзиниот фејсбук-профил информира дека лично сака да и го честита изборот.

Сметам дека е најдобро лично да и изразам честитки за престижната функција која е од големо значење не само за неа туку и за државата, напиша шефицата на државата.