Израел

Нетанјаху: Одлуката на Меѓународниот кривичен суд е антисемитска

22.11.2024 08:46

Нетанјаху ја осуди одлуката на Меѓународниот кривичен суд по налозите за негово апсење и на неговиот поранешен министер за одбрана Галант нарекувајќи ја антисемитска...

Нетанјаху ја осуди одлуката на Меѓународниот кривичен суд по налозите за негово апсење и на неговиот поранешен министер за одбрана Галант нарекувајќи ја антисемитска. Истакна дека не ја признава одлуката на судот кој го терети за воени и злосторства против човештвото во врска со 13-месечната војна во Газа.

„Ниту една пристрасна антиизраелска одлука во Хаг нема да ја спречи државата Израел да ги брани своите граѓани. Сакам да им се заблагодарам на нашите многубројни пријатели, особено на оние во САД, кои ја осудија и рекоа дека оваа одлука ќе има тешки последици за Хашкиот суд“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

САД остануваат на страната на Израел и велат дека нема да ги извршуваат налозите за апсење, додека организациите за човекови права предупредуваат дека одлуката на судот мора да се почитува.