Германија
Писториус нема да се кандидира за канцелар
22.11.2024 08:46
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус нема да се кандидира за канцелар на земјата на претстојните вонредни избори на 23-ти февруари...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус нема да се кандидира за канцелар на земјата на претстојните вонредни избори на 23-ти февруари.
Соопшти дека тоа е негова лична одлука, додавајќи дека ќе ја поддржи кандидатурата на Шолц за реизбор.
Предвремените избори во Германија доаѓаат по падот на трипартиската коалиција на Шолц на почетокот од овој месец.
