ЈП Водовод и канализација – Скопје
Поради дефект неколку улици од Карпош без вода
22.11.2024 09:24
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот...

ЈП Водовод и канализација известува дека денес поради дефект на приклучна цевка на ул. Стохломска 10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Стокхломска, Његошева, Петар Драганов, Софиска и Бриселска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот се вели во соопштението.
