Јени џамија

Битола доби уникатен музеј

22.11.2024 11:07

Темели на црквата „Св. Ѓорѓија“ од 7 век, над нив Јени џамија. Битола го доби првиот музеј во Македонија каде туристите може да го видат многувековното испреплетување на христијанското и на исламското културно наследство на овие простори. Владиката и муфтијата не беа дел од свеченоста...

Темелите на црквата „Свети Ѓорѓија“, стаклени чаши и садова керамика, Куран од османлискиот период, врвна архитектура и уметност на градителите меѓу седмиот и четиринаесеттиот век. Битола го доби првиот музеј во Македонија каде се испреплетува богатото христијанско и исламското културно наследство.

Според Оливера Трајковска, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, ваков музеј може да биде симбол на единство, а љубовта е онаа преку која може да се спаси светот.

Николовски очекува овој бисер на двете архитектури да биде потенцијал за уште поголем туристички прилив.

 

Ружица Аџикотарева - Ѓоршевска