ИВЗ и ДУИ се противат на трансформацијата на Јени џамија во музеј
ИВЗ повика на итен прекин на секоја активност што го нарушува, како што велат, светиот дух на џамијата.

Исламската верска заедница се пожали дека не била консултирана Јени џамија да се трансформира во Музеј на христијанското и муслиманското културно наследство.
Оттаму остануваат на барањето, џамијата да биде место за богослужба и за користење на муслиманските верници. ИВЗ повика на итен прекин на секоја активност што го нарушува, како што велат, светиот дух на џамијата.
Со реакција за отворањето на музејот излезе и ДУИ. Партијата изрази длабока загриженост поради последната одлука на Владата за активирање на статусот на Јени џамија во Битола како галерија, занемарувајќи ги верските и историските чувства на една важна заедница во државата.
ИВЗ со години ја тужеше државата за да си ја врати џамијата во владение, но ги изгуби судските спорови.
