Неопходни се системски реформи и построги казни за злосторства против девојчиња и жени
Изречените затворски казни под законски утврдениот минимум ја минимизираат тежината на овие дела и наместо да ги одвратат, може да ги охрабрат мажите во иднина повторно да вршат вакви форми на родово базирано и сексуално насилство, велат од платформата...

Платформата за родова еднаквост разочарана од пресудата на Кривичниот суд во Скопје во случајот против велешаните осудени за полов напад, силување и производство и дистрибуција на детска порнографија. Оттаму сметаат дека пресудата не ја рефлектира тежината на извршените дела.
„Изречените затворски казни под законски утврдениот минимум ја минимизираат тежината на овие дела и наместо да ги одвратат, може да ги охрабрат мажите во иднина повторно да вршат вакви форми на родово базирано и сексуално насилство“, велат од платформата, од каде што побара системски реформи за повисоки казни.
Тринаесеттемина велешани кои беа обвинети дека сексуално злоупотребувале малолетничка добија вкупно 33 години затвор.
