Македонија

Поголема соработка за ефикасна борба со корупцијата

22.11.2024 12:15

Има напредок во борбата со корупцијата, но од земја сојузник во НАТО очекуваме поголема соработка меѓу надлежните институции, а прекршителите на законот да одговараат – порака од американската амбасада. Јавното обвинителство го престрои редовите за поголема ефикасност на постапките. Антикорупциска побара поголема поддршка…

Никој не може сам да се справи со корупцијата, како сојузници во НАТО очекуваме поефикасна борба со оваа појава, ја имате американската поддршка-повикаа претставниците на САД. Направен е напредок, но мора да има одговорност и соработка меѓу институциите за поефикасна борба со корупцијата, оценија од САД.

Јавното обвинителство направило реорганизација во своите редови за да има ефективни постапки против корумпираните. Од Антикорупциската комисија сметаат дека соработката со обвинителството и ревизорите е главен предуслов за успех во справувањето со корупцијата.

Државните ревизори побараа координирана акција против корупцијата.

Ниедна држава не е имуна на корупција, но разликата ја прави постапувањето против оваа појава.

Ирина Гелевска