И Сојузот на средношколци на протест против недостигот на јавен превоз
Протестот ќе започне 14 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот.

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија се приклучува на денешниот против недостигот на јавен превоз во Скопје.
Протестот ќе започне 14 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот.
Овој сериозен проблем особено ги засега средношколците, правејќи го секојдневното патување до училиштата низ градот сè потешко. Како млади луѓе кои директно се засегнати, бараме итни и одржливи решенија за враќање на јавниот превоз и обезбедување еднаков пристап до образование за сите ученици, велат од Сојузот на средношколци.
