40.000 нови садници засадени во Ѓорче Петров
На површина од 20 хектари беа засадени 40.000 садници од црн бор, чемпрес и јасен, со што се поставува основа за враќање на природната вегетација и заштита на биодиверзитетот.

Општина Ѓорче Петров денеска спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години. Во акцијата учествуваа екипи на ЈП „Македонски шуми“, општинската администрација, раководството на компанијата Адинг и градоначалникот на општината Александар Стојкоски.
На површина од 20 хектари беа засадени 40.000 садници од црн бор, чемпрес и јасен, со што се поставува основа за враќање на природната вегетација и заштита на биодиверзитетот.
Градоначалникот Александар Стојкоски изјави дека оваа акција е дел од поголемите заложби на општината за одржлив развој и грижа за животната средина.
