Дијаспората- нераскинлив дел од македонскиот народ

23.07.2014 13:35

Да се чува и неггува македонскиот идентитет и јазик ова беше главната порака, беше главната порака на 5-та годишна иселеничка конференција...

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од македонскиот народ. Организирана во асоцијации и организации се залага за своите права во земјите во кои престојува. Денеска се во Скопје на 5 - та годишна иселеничка конференција. Да се чува и неггува македонскиот идентитет и јазик ова беше главната порака.

„Да се чува и негува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и литература и култура. Да се презентира македонскиот народ, да се презентира Република Македонија низ светот, онакви какви што сме и колку што сме. Поддршката од Македонската асицијација и македонските иселеништва е многу потребна, а возвратно потребна е и поддршката од Република Македонија“, вели Лилјана Стоиловска од Организација на Македонците во Шведска.

Грижата за дијаспората останува константа на актуелната власт во татковината зашто таа е промотор на македонскиот народ, јазичниот и културниот идентитет, се обрати Претседателот на Собранието Трајко Велјаноски пред иселениците.

„Македонската дијаспора без разлика на сите предизвици никогаш не ги заборавила своите корени, својот македонски јазик, својата вера, својот фолклор и убава песна, односно никогаш не го заборавила својот национален идентитет“, рече претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски.

Од Агенцијата за иселеништво на Македонија информираа дека интересот за негување на македонскиот јазик е непресушен токму затоа од година в година бројот на учесници на овие конференции постојано се зголемува.

 

Лидија Чакар