Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот

22.11.2024 13:40

Синер го доби својот сингл натпревар, а потоа забележа успех во двојки и ја предводеше Италија до победа од 2-1 над Аргентина во четвртфиналниот судир на натпреварувањето.

Светскиот тениски рекет број еден Јаник Синер му помогна на бранителот на титулата Италија да се пласира во полуфиналето на екипниот тениски турнир Дејвис куп, неофицијалното светско екипно првенство за мажи, кое се одржува во Малага, Шпанија.

Синер го доби својот сингл натпревар, а потоа забележа успех во двојки и ја предводеше Италија до победа од 2-1 над Аргентина во четвртфиналниот судир на натпреварувањето.

Во полуфиналето Италијанците ќе се соочат со Австралија во реприза на минатогодишното финале. Австралијците трета година по ред стигнаа до топ 4 на Дејвис купот.

Италија ќе биде фаворит против Австралија во саботното полуфинале, но избраниците на Лејтон Хјуит, кои беа поразени во последните две финалиња, ќе бидат подготвени за борба.

Првото полуфинале денеска ги соочува селекциите на Холандија и Германија.