Хелсинки

Средба на Муртезани со министерката за надворешни работи на Република Финска, Валтонен

22.11.2024 18:10

Mинистерот за европски прашања Орхан Муртезани, во рамки на работната посета, имаше средба и со министерката за надворешни работи на Република Финска, Елина Валтонен, којашто претставуваше можност за продлабочување на дијалогот за европската иднина на земјата и регионот...

Денеска во Хелсинки, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, во рамки на работната посета, имаше средба и со министерката за надворешни работи на Република Финска, Елина Валтонен, којашто претставуваше можност за продлабочување на дијалогот за европската иднина на земјата и регионот и за зацврстување на улогата на Финска како близок партнер во овој процес.

На средбата беа реафирмирани пријателските билатерални односи, кои се карактеризираат со партнерство и заемна поддршка. Министерот Муртезани ја поздрави доследната улога и поддршка на Финска како дел од неформалната група во Советот на ЕУ „Пријатели на Северна Македонија“, којашто активно промовира соработка меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

Муртезани посочи дека интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, не е само национален приоритет, туку и политичка стратешка цел што испраќа порака на надеж за целиот регион. Во таа насока, тој ја нагласи потребата за предвидлив и кредибилен пристапен процес кој ќе ги мотивира земјите-кандидати во имплементирањето на реформските агенди.

Министрите се согласија дека Унијата не е цел сама по себе, туку механизам за создавање заеднички просперитет, стабилност и демократски вредности. Во таа насока, во разговорите беше нагласено дека проширувањето е клучен инструмент за зајакнување на геополитичката релевантност на Унијата и за одржување на довербата на граѓаните од регионот во европската перспектива.