Градски превоз

ЈСП има нафта за седум дена, на потег е Град Скопје

22.11.2024 15:44

Државата обезбеди нафта од резервите, автобусите на ЈСП се вратија на улиците. Јавниот превоз се нормализира, но, гневот е голем – пред Град Скопје протести...

Се нормализира градскиот јавен превоз. Автобусите на ЈСП сообраќаат по редовниот возен ред, по владината одлука да се даде нафта од државните резерви. Испораката на горивото се врши сукцесивно. Ги нема сликите од претходните денови на преполни автобуски постојки и премрзнати граѓани кои чекаат со часови.

Обезбедена е нафта за една недела, што, според Арсовска, ќе биде доволно до склучување нов договор за набавка на гориво.

Од Бирото за јавни набавки велат дека и тоа што претходно било набавено преку јавни набавки спроведени од ЈСП не било согласно законската процедура.

Јавното обвинителство ги следи состојбите со набавките на гориво за потребите на автобусите и на Финансиска полиција и има дадено насоки како да постапува.

 

Александра Велинова