Свет

Туск: Војната во Украина станува драматична, се заканува да стане глобална

22.11.2024 20:44

Полските власти го осудија вчерашното лансирање балистичка ракета со среден дострел од страна на Русија врз цели во Украина.

Полскиот премиер Доналд Туск денеска предупреди дека војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, чиј исход никој не го знае, но се гледа дека добива драматични размери и заканата од глобално конфликтот станува реална.

„По образование сум професор по историја. Војната на истокот влегува во одлучувачка фаза. Непознатото се приближува, никој од нас не го знае исходот од тој конфликт. Очигледно зазема многу драматични размери. Настаните од последните десетина часа покажуваат дека заканата од глобален конфликт е навистина сериозна и реална“, рече Туск.

Полските власти го осудија вчерашното лансирање балистичка ракета со среден дострел од страна на Русија врз цели во Украина.