Лондон

Контролирана експлозија кај амбасадата на САД, евакуиран Гетвик

22.11.2024 18:25

Експлозијата била изведена откако биле поставени безбедносни кордони во близина на високо обезбедено место јужно од реката Темза и превентивно бил затворен околниот пат...

Британската полиција изврши контролирана експлозија по пронајден „сомнителен пакет“ пред американската амбасада во Лондон. Експлозијата била изведена откако биле поставени безбедносни кордони во близина на високо обезбедено место јужно од реката Темза и превентивно бил затворен околниот пат. Поради тековен безбедносен инцидент евакуиран бил и дел од лондонскиот аеродром Гетвик.

Во известувањето на социјалните мрежи, аеродромот вели дека патниците нема да можат да влезат во јужниот терминал бидејќи безбедноста на патниците и персоналот остануваат главен приоритет. Аеродромот нема да се опслужува до натамошно известување.