Отворен Балкан
Средба Мицкоски- Вучиќ во Белград
22.11.2024 14:38
Констатирано дека двете држави немаат отворени прашања, а односите се базираат на меѓусебно почитување и пријателство.

Во Белград средба на македонскиот премиер Христијан Мицкоски со српскиот претседател Александар Вучиќ. Констатирано дека двете држави немаат отворени прашања, а односите се базираат на меѓусебно почитување и пријателство.
„Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи и да градиме иднина за нашите граѓани“, објави премиерот Мицкоски на социјалните мрежи.
Мицкоски ја предводи македонската делегација на меѓународниот саем „Винска визија на Отворен Балкан“. Шефот на владата ќе има средба и со српскиот колега Вучевиќ.
