Металург во третото претколо!
Ремито без голови во Скопје беше опасен, но и поволен резултат којшто на Металург му даде простор во Сараево да не истрча без шанси. Товарот од фактот што пласманот понатаму мораше да го брка на туѓ терен се покажа пресилен, бидејќи Железничар релативно лесно дојде до убедливи 2-0. Прво Додевски си даде автогол во 16.минута, а кога Бајиќ погоди по девет минути игра во вториот дел, елиминацијата на Металург изгледаше речиси неизбежна.

Уште поголем проблем направи промашениот пенал на Марко Симоновски во 57-та минута. Но, кога се чинеше дека е пропуштен последниот воз, Металург неочекувано се издигна од пепелта на начин којшто е вистинска реткост за македонските клубови и репрезентации. Само пет минути по неискористениот удар од белата точка, нашиот тим резултатски се врати во игра со погодокот на Марјан Радески. Тоа им даде крилја на избраниците на Срѓан Захариевски, коишто потоа создадоа неколку шанси за израмнување, но подвигот го комплетираа во судиското надополнување. Ветеранот Миле Крстев од слободен удар постигна еден од најважните голови во професионалната кариера за конечни 2-2. Обезбеди 390 илјади евра за клупската каса и двомеч во третото претколо најверојатно со кипарска Омонија, којашто во првиот дуел од оваа рунда на гости славеше со 2-0 над црногорска Будуќност.