Македонија

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

22.11.2024 14:59

Пред Град Скопје своето незадоволство го искажуваат жители на Шуто Оризари, организирани од градоначалникот Курто Дудуш, Сојузот на средношколци, а со барање за нормализирање на јавниот превоз излегоа и студентите од УКИМ.

Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржува протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот град.

Пред Град Скопје своето незадоволство го искажуваат жители на Шуто Оризари, организирани од градоначалникот Курто Дудуш, Сојузот на средношколци, а со барање за нормализирање на јавниот превоз излегоа и студентите од УКИМ.

Во Скопје два дена не сообраќаа автобуси поради тоа што ЈСП Скопје немаше нафта. Возеа само триесетина автобуси од кои 25 возат на гас. Состојбата беше надмината откако Владата на вчерашната вонредна седница донесе одлука на ЈСП да му се даде нафта за седум дена од државните резерви.