Последни пресметки

Јавниот долг на крајот на годинава ќе достигне 62,7 проценти

22.11.2024 16:03

Јавниот долг, како што нагласи министерката, во многу голема мера зависи од тоа колку останатите институции, акционерски друштва и т.н. ќе повлечат од веќе договорени кредити.

Висината на јавниот долг, согласно последните пресметки на крајот на 2024 година ќе биде 62,7 проценти од БДП, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Јавниот долг, како што нагласи министерката, во многу голема мера зависи од тоа колку останатите институции, акционерски друштва и т.н. ќе повлечат од веќе договорени кредити.

Ако не ги повлечат, може нема да биде ниту 62,7 проценти. Тоа е проекција на Министерството за финансии, под претпоставка дека реализацијата на кредитите ќе оди така како што е договорено, изјави Димитриеска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања.

Димитриеска Кочоска, рече дека Министерството веќе работи на тоа да се види колкави се обврските од сите институции.