Македонија

Силниот ветар во Штип откорна дрва и оштети кров на училиште

22.11.2024 19:58

Паднати гранки, откорнати дрва, оштетени автомобили и кров на училиште како резултат на силниот ветар во Штип. Ветровитото време ќе продолжи и во текот на утрешниот ден. Надлежните со апел граѓаните да не се движат на места каде има високи дрва.

Силниот ветар во Штип денес откорна неколку дрва, а го оштети и кровот на Средното електромашинско училиште „Коле Нехтенин“. Повредени нема, наставата во училиштето се одвиваше нормално.

Територијалната противпожарна единица интервенираше на четири локации, а екипи на ЈП „Исар“ расчистуваа на 15. Заради силниот ветар не се препорачува шетање во природа и посета на ЗОО паркот „Бриони“.

Ветровитото време ќе продолжи и утре. Надлежните со апел до граѓаните да не ги паркираат возилата под високи или суви стебла, со цел да се избегнат несакани последици.

Славица Величковска